
Нашите млади биолози продолжуваат на државен натпревар!
април 8, 2026Еко авантура: Нашите деветтоодделенци учеа како се пречистуваат отпадните води

На 7 април, учениците од деветто одделение имаа поразличен и многу интересен час по биологија. Заедно со нивните наставнички Верица Арнаутовска и Александра Пачемска, тие беа во едукативна посета на Пречистителната станица за отпадни води во село Мачево.
Вработените во станицата топло ги пречекаа и на многу интерактивен начин им ги објаснија клучните предизвици поврзани со заштитата на животната средина. Децата имаа ретка можност одблизу да видат како функционира станицата, како тече процесот на пречистување на отпадните води и зошто ваквите системи се од огромно значење за чување на водните ресурси и целокупниот биодиверзитет.
За настанот да биде уште побогат, нашите вредни ученици Петар Букушовски и Дамјан Тасевски одржаа своја презентација. Тие зборуваа за непроценливото значење на водата во природата, со цел да ја разбудат еколошката свест кај своите соученици.
Упатуваме најискрена благодарност за одличната соработка до ЈКПР „Услуга” – Берово и до сите вработени во Пречистителната станица кои ни го овозможија ова прекрасно и поучно искуство.





