
ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и подрачните училишта се приклучија кон националната акција „Генералка Викенд 2025“
мај 9, 2025
Второ место и трета награда за учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ на Државниот натпревар по англиски јазик!
мај 10, 2025Еко-час (#екочас2025) за учениците од V и VI одделение по повод „Генералка Викенд“

Денес, 9 мај 2025 година, во духот на големата пролетна акција за чистење „Генералка Викенд“, во нашето училиште се одржа посебен еко-час. Учениците од V и VI одделение од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово и од Подрачното училиште во Будинарци имаа можност да учат за природата на еден поинаков, интерактивен начин.

Часот беше реализиран во рамките на наставата по Природни науки, конкретно од Модул 2: „Почвата како дел од животната средина“, со фокус на наставната содржина „Живот во почвата“. Под менторство на наставничките Александра Пачемска, Верица Арнаутовска и Христина Џамбаска, учениците истражуваа и учеа за важноста на почвата и живиот свет во неа.

Главната цел на овој еко-час беше да се поврзе теоретското знаење од училницата со практичната работа на терен. Веруваме дека грижата за животната средина најефективно се учи преку комбинација на настава и активно учество во акции како што се чистење на околината, пошумување и зачувување на природните богатства. На овој начин, учениците не само што стекнуваат знаења, туку и развиваат чувство на одговорност кон природата.

Активностите за реализација на овој еко-час се во согласност со насоките на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
Горди сме што преку вакви иновативни пристапи во наставата ги поттикнуваме нашите ученици да станат совесни и активни чувари на животната средина.





