Со многу дипломи и награди заврши учебната 2013/2014 година
јули 1, 2014Одржан есенскиот крос – 2014/2015
октомври 4, 2014Оглас за запишување во I одделение
Врз основа на член 46, 47 и 48 од Законот за основно образование ( Сл.весник на РМ бр. 103/08, 33/10, 116/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/ 14), Ве известуваме дека ООУ,, Дедо Иљо Малешевски“- Берово, врши
ЗАПИШУВАЊЕ ВО I ОДДЕЛЕНИЕ
во учебната 2014/2015 година
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
1. Децата кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години.
2.По исклучок, детето може да се запише во прво одделение , доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
3.Запишувањето на детето здраствената установа може да го одолжи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
– Извод од Матична книга на родените;
– Потврда за примените задолжителни вакцини за детето,издадена од надлежната здраствена установа;
– Потврда од извршен систематски преглед на оралната празнина, издадена од д-р по стоматологија Благица Георгиева,вработена во ЈЗУ Здравен дом,Берово.
Потребните документи треба да се достават во просториите на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски“- Берово, кај училишниот педагог или психолог, до 29 август 2014 година.
ООУ,,Дедо Иљо Малешевски“- Берово
Директор
Наташа Аврамска