
Седмоодделенците подготвени за хумани дела: Успешно завршен теоретскиот дел
март 19, 2026
Шаренило, смеа и креативност: Одржан првоаприлски маскенбал во нашето училиште
април 1, 2026Здрава насмевка за среќни деца: Одбележан Светскиот ден на оралното здравје

По повод 20 март – Светскиот ден на оралното здравје, во нашето училиште се одржа прекрасна едукативна активност наменета за учениците од четврто одделение. За таа цел, имавме чест да ја угостиме д-р Зорица Ризинска Шахпаска од превентивниот стоматолошки тим при ЈЗУ Здравствен дом – Берово.
Оваа година, глобалното мото на овој значаен датум е „Среќна уста е… среќен ум“ (A Happy Mouth is… A Happy Mind). Преку многу интересен и интерактивен разговор, децата научија колку е важна правилната орална хигиена, редовното миење на забите и зошто здравите навики мора да се градат уште од најрана возраст.
Грижата за забите не е само за убава насмевка, туку претставува основа за целокупно здравје и среќен живот. Упатуваме искрена благодарност до д-р Зорица за нејзиниот труд и прекрасниот пристап кон нашите ученици.






