Среќен 8ми Март
март 7, 2014Форест фест
март 14, 2014Македонија земја на цвеќето – земја на розите
Конкурс за основните училишта за изработка на креативни предмети и творби на тема
„Македонија земја на цвеќето – земја на розите“
По повод „Денови на пролетта – Денови на екологијата“ кои Министерството за животна средина и просторно планирање традиционално ги организира секоја година од 21 до 25 март, оваа година ќе се спроведува голема акција за засадување на садници на рози на булеварите, зелените јавни површини и во училишните дворови во општините на целата територија на државата.
Општините ќе се вклучат во иницијативата преку организирање на акција под мотото „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“, и спроведување на креативни активности во основните училишта на нивната територија.
По тој повод Регионалниот центар за животната средина и Друштво за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК распишува конкурс на оваа тема за изработка на креативни предмети и творби од страна на учениците од основните училишта во земјава.
Ќе се доделуваат награди во 3 категории на возраст:
- За ученици од 1-во до 3-то одделение
- За ученици од 4-то до 6-то одделение
- За ученици од 7-мо и 8-мо одделение и тоа:
I награда: Таблет
II награда: Научни енциклопедиски изданија
III награда: Пакет слатки производи од АД Европа
Најмногу ќе се ценат необични, несекојдневни, интересни и инспиративни творби соодветни на возраста на учениците.
Креациите треба да се испратат најдоцна до 21 март (петок), 2014 год. на следната адреса:
Министерство за животна средина и просторно планирање, Сектор за комуникација со јавноста
Ул. Трета Македонска Бригади 10 А 1000 Скопје
Ви посакуваме креативни и цветни денови на пролетта!