Есенски крос 2015
октомври 31, 2015ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ го реализира проектот “Засади дрво засади цвет за поубав свет“
декември 2, 2015ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, Берово го одбележи 1 Декември, Светски ден на борба против СИДА
1 декември се одбележува како Светски ден на борба против СИДА.
Секоја година на овој ден се промовира Светска кампања која ја испраќа пораката за превенција од ХИВ/СИДА.
Црвената лента ја симболизира борбата против СИДА, грижата и поддршката за луѓето кои се заразени и болни од ХИВ/СИДА.
Нашето училиште и оваа година со неколку работилници кои ќе се реализираат со учениците од IX одделение, ќе ја одбележи оваа кампања. Така, во пресрет на 1 Декември, наставничката по биологија Снежана Калпачка и училишниот психолог Весна Фурнаџиска, со учениците од IX-б одделение ја реализираа првата работилница од циклусот планирани работилници.
На самиот почеток од работилницата, учениците беа запознаени со значењето на Неделата на борба против СИДА, како и со целта на работилницата: ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПОЛОВО-ПРЕНОСЛИВАТА БОЛЕСТ-ХИВ/СИДА-МЕРКИ И ЗАШТИТА.
Во понатамошниот тек на работилницата, учениците беа поделени во четири групи. Секоја група доби работен лист со по пет различни тврдења, на кои тие со заокружување определуваa што мислат дека е точно или неточно. Потоа, секојa група ги презентираше своите одговори, а наставничката и психологот кажуваа дали одговорот е точен или не, со дополнителни коментари на поедини нејасни прашања.
Потоа беше прочитано предавање на таа тема изготвено од психологот, а во продолжение, наставничката по биологија и психологот, преку прашања и дискусија со учениците, го утврдија она што се реализираше на часот.
На крајот од работилницата, секоја група доби флаер со едукативна содржина на таа тема.