Првачињата од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“: Нови членови на Детската светска организација
октомври 10, 2023Успешна методско тактичка показна вежба: Евакуација и спасување при пожар и други eлементарни непогоди
октомври 27, 2023Орално здравје и исхрана: Совети од стоматологот м-р д-р Зорица Ризинска Шахпаска
Во рамките на континуираните напори на нашето училиште за подигнување на свеста за значајноста на здравјето, имавме чест и задоволство да ја дочекаме м-р д-р Зорица Ризинска Шахпаска, стоматолог од ЈЗУ Здравствен дом-Берово. Таа одржа едукативно предавање пред нашите ученици на тема „Градба и функција на оралната празнина” и „Правилна исхрана и контрола во внес на шеќери”.
Клучната порака на предавањето беше значајноста на одржување на здрави заби и правилната исхрана како превентивни мерки. Главниот акцент беше ставен на редовната орална хигиена и смалување на внесот на шеќери во исхраната, како клучни фактори во заштитата на здравјето на децата.
Оваа иницијатива е дел од нашата стратегија за поддршка и образование на нашите ученици за различни аспекти на здравјето. Целта е да ги подготвиме децата да станат одговорни и свесни поединци кои се грижат за својот добробит и здравје.