
Одбележан денот на Eвропските јазици со квиз-работилница во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
септември 27, 2024
Активности за Детската недела започнаа со мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство“
октомври 7, 2024Отворен ден на тема „И сајбер насилството боли“ по повод светскиот ден на ненасилството

По повод 2 Октомври, светскиот ден на ненасилството, во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово се одржа отворен ден по граѓанско образование на тема „И сајбер насилството боли“. Настанот беше организиран од наставничката по граѓанско образование Софче Дочинска, заедно со учениците од IX одделение.
Учество зедоа голем број ученици од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и подрачните училишта во Будинарци, Митрашинци и Двориште. На настанот како гости беа вклучени училишниот психолог и наставници, кои ги поддржаа дискусиите и интеракциите.
Присутните имаа можност да погледнат презентација за сајбер насилството, а учениците активно се вклучија во интерактивна дискусија со прашања и одговори. Учениците презентираа каде и како се случува сајбер насилството, како да се препознае, спречи и како да се реагира доколку се случи.
Отворениот ден заврши со креативни лични изработки на учениците, во форма на пораки со јасна порака: „Стоп за сајбер насилство!“. Овој настан беше одлична можност за подигање на свеста за сајбер насилството и зајакнување на ученичките капацитети за справување со вакви ситуации.