Државниот натпревар по македонски јазик
јуни 6, 2024Инспиративна работилница „Rainbow in the Sky“ за учениците од второ одделение
јуни 8, 2024Работилница „Подај рака – среќа е да се сака“ во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
На 6 јуни 2024 година, во нашето училиште ООУ “Дедо Иљо Малешевски” – Берово, се одржа инспиративна работилница на тема “Подај рака – среќа е да се сака”. На оваа работилница учество зедоа учениците од VII одделение под водство на нивната наставничка по етика, Софче Дочинска.
Целта на работилницата беше да се поттикне етичко и морално однесување кај учениците, преку различни креативни активности. Учениците изработија беџови со вредности, твореа и создадоа плакати кои ги отсликуваат основните принципи на соработка, толеранција, разбирање и љубов.
Во работилницата беа вклучени и учениците од одделенска настава, кои заедно со своите образовни асистенти, активно учествуваа и се здружија со учениците од VII одделение. Оваа соработка помогна во зајакнувањето на врските меѓу учениците и создаде позитивна и поддржувачка училишна средина.
Работилницата “Подај рака – среќа е да се сака” беше прекрасно искуство кое на сите им овозможи да ги покажат своите вредности на дело и да научат повеќе за важноста на етичкото однесување во секојдневниот живот. Со нетрпение очекуваме уште многу вакви активности кои го поттикнуваат развојот на моралните вредности кај нашите ученици и ја збогатуваат нашата училишна заедница.