Велигденска хуманитарна акција
јуни 6, 2015Едукативно предавање на наставниците и педагозите
јули 10, 2015Реализирање на активности од Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем
ООУ„Дедо Иљо Малешевски„Берово е вклучено во програмата „Интеграција на еколошкото образование во Македонскиот образовен систем“, што ја спроведува Здружението на граѓани ОХО, Швајцарската агенција за развој и Министерството за образование и наука на Р.Македонија. Целта на оваа програма е подигање на еколошката свест кај учениците и создавање на здрава животна средина на локално и глобално ниво.
Во делот на оваа програма во периодот март-јули реализирани се следните активности:
Еко-стандард 3 Одржување на зградата и здрава внатрешна средина
Полиса: Здрава и чиста внатрешна средина за учење и работење
Цел: Обезбедување на здрави услови за работење и престој во училиштето
-Разубавени се сите ходници и училници со разновидни цвеќиња.
– Со завршување на наставната година исчистени се сите ходници, канцеларии, училници и фискултурната сала со еколошки и нетоксични средства.
Еко-стандард 4 Уреден еколошки двор
Полиса Уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина
Цел: Функционален двор споредсите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе се користи за потребите на сите кои престојуваат во училиштето
-Во делот на овој екостандард во ПУ Будинарци реновирани и префарбани со еколошки бои се веќе постоечките клупи, засадени се разновидни цвеќиња во училишниот двор.
Одбележани се Денот на пролетта-21 Март и Денот на планетата Земја-22 Април со читање на реферати, еколошки акции со чистење на училишните дворови во централното и подрачните училишта, садење на цвеќиња и листопадни и зимзелени дрвца.