
Ученици од VIII и IX одделение во едукативна посета на Собранието на Република Северна Македонија
мај 18, 2025
Државни награди и пофалница по природни науки за нашите ученици!
мај 20, 2025Успешен настап на Државните првенства: Честитки за учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“!

Денес, 19 мај 2025 година, нашите млади атлетичари од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово постигнаа извонредни успеси на Државните првенства за основни училишта, кои се одржаа во Куманово. Тие покажаа вистински спортски дух, борбеност и талент, претставувајќи го нашето училиште на најдобар можен начин!
Со гордост ги споделуваме постигнатите резултати:
- Трчање 100 метри:
- Драган Буровски – освоено II (второ) место и титула Државен вицешампион! 🥈
- Трчање 300 метри:
- Али Голич – освоено II (второ) место и титула Државен вицешампион! 🥈
- Драган Буровски – освоено III (трето) место! 🥉
- Скок во далечина:
- Али Голич – освоено III (трето) место! 🥉
Овие значајни резултати се плод на напорната работа, посветеноста и упорноста на нашите ученици. Како што истакнаа нивните придружници, тие навистина ги „оставија срцата на патеките“ и со своите постигнувања донесоа голема радост и гордост за целото училиште.
Искрени честитки до Драган и Али за освоените медали и одличните пласмани!





