
Здрава насмевка за среќни деца: Одбележан Светскиот ден на оралното здравје
март 20, 2026
Со љубов и прифаќање: Одбележан Светскиот ден на аутизмот
април 2, 2026Шаренило, смеа и креативност: Одржан првоаприлски маскенбал во нашето училиште

Денес, 1 Април, по повод Денот на шегата, училишните ходници беа исполнети со смеа, радост и неверојатни бои. Нашите ученици самостојно организираа фантастичен маскенбал кој донесе вистинска празнична атмосфера за сите нас.
Покрај одличната забава и дружењето, настанот имаше и натпреварувачки карактер. Навистина беше тешко да се изберат најдобрите меѓу толку многу креативни идеи, но сепак беа прогласени победниците. Првото место заслужено го освои Васко Мишовски со неговиот тим за обезбедување. Второто место им припадна на учениците од подрачното училиште во Митрашинци кои беа одлично маскирани како семафори, додека третото место го освои Исан Арифовски.
Беа доделени и специјални награди за најистакнатите маски. За најактуелна маска беше прогласена Анастасија Распашковска која се маскираше во Доналд Трамп. Наградата за најкреативна маска отиде кај Илина Биковска за маската Медуза, а за најавтентична маска беше избрана Данија Ајтовска како неповторливата Пипи Долгиот Чорап. Наградата за најдобра маска во пар сосема заслужено ја освоија Петар Букушовски и Јосиф Вангелов.
Упатуваме најискрени честитки до сите ученици за вложениот труд, креативноста и прекрасните идеи. Ви благодариме што ни го разубавивте овој ден!





