
Зелени идеи за поодржлива иднина: Успешно одржан училишниот форум во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
јуни 2, 2026
Знаењето го наоѓа патот кон успехот: Извонредни резултати на државниот натпревар по биологија
јуни 3, 2026Уметнички таленти за гордост: Освоени прво и второ место на републичката манифестација „Цвеќе 2026“

Нашето училиште продолжува да бележи успеси на секое поле! На 28 мај, во Струмица се одржа републичката ликовна манифестација – Детски ликовни средби „Цвеќе 2026“, каде нашите млади уметници блеснаа со својата креативност, талент и љубов кон боите.
Под менторство на наставникот по ликовно образование, Михаил Сачкарски, нашите ученици се претставија во одлично светло и ги постигнаа следните извонредни резултати:
-
Прво место (индивидуално): Ученичката Милена Сирачевска (VII-а одделение) се закити со првата награда, покажувајќи исклучителен уметнички израз.
-
Второ место (групно): Ученичките Ања Атанасова (VII-б одделение), Милена Сирачевска (VII-а одделение) и Теодора Цоцовска (VII-б одделение) со заеднички труд и тимска креативност го освоија одличното второ место.
Упатуваме најискрени честитки до нашите наградени ученички и до нивниот ментор за овој прекрасен успех. Им посакуваме уште многу инспирација, шарени платна и нови уметнички достигнувања во иднина!





