
Со цртежи, насмевки и дружење: Одбележан Денот на македонската полиција
мај 7, 2026
Учиме во природа: Одржани Еко часови по природни науки и биологија
мај 11, 2026Две втори и една трета награда: Блескав успех на државниот натпревар по англиски јазик

Денес, 9 мај, ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје беше домаќин на Државниот натпревар по англиски јазик (ЕЛТАМ 2026). Нашите талентирани ученици уште еднаш докажаа дека одлично го владеат англискиот јазик и достојно го претставија нашето училиште на државно ниво.
Со голема гордост ви ги претставуваме постигнатите резултати:
-
Шесто одделение (ментор Весна Бојчовска Кускинска): Николија Арменска постигна огромен успех освојувајќи ја втората награда.
-
Седмо одделение (ментор Маја Бојаџиски): Дарија Чичаковска и Јана Каламадевска забележаа успешно учество во силна конкуренција.
-
Осмо одделение (ментор Сања Везенковска): Изабела Ралповска покажа одлично знаење и се закити со третата награда.
-
Деветто одделение (ментор Александра Буровска): Петар Букушовски брилираше и ја освои втората награда.
Упатуваме најискрени честитки до сите наши ученици и нивните посветени менторки. Вложениот труд, континуираната работа и љубовта кон јазиците секогаш носат прекрасни резултати!





