
Две втори и една трета награда: Блескав успех на државниот натпревар по англиски јазик
мај 9, 2026Учиме во природа: Одржани Еко часови по природни науки и биологија

На 8 мај, наставата по предметите природни науки и биологија излезе надвор од училниците. Нашите ученици имаа можност да бидат дел од активноста „Еко час“, која им овозможи да учат за природата директно преку практична работа на терен.
Во централното училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, петтоодделенците под менторство на наставничката Александра Пачемска истражуваа на темата „Почвата како дел од животната средина“. Низ наставната содржина „Живот во почва“, тие практично се запознаа со живиот свет кој се крие под површината на земјата.
Истовремено, во подрачното училиште во Будинарци, учениците од шесто, седмо и деветто одделение заедно со наставничката Верица Арнаутовска реализираа час посветен на темата „Водата како дел од животната средина“, истражувајќи го огромното значење на водните ресурси.
Главната цел на овие часови е едноставна, но многу важна – да ја поврземе теоретската настава со теренската работа. Веруваме дека вистинската грижа за животната средина се гради токму вака, преку активно учество, истражување и развивање навики за зачувување на природата.
Овие активности беа реализирани во согласност со насоките од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.





