
Известување за упис во прво одделение за учебната 2026/2027 година
април 27, 2026
Хуманост на дело: Одржан натпревар по прва помош во Берово
април 28, 2026Нашите талентирани хемичари се вратија со бројни награди од регионалниот натпревар

Со огромна гордост ја споделуваме веста за извонредниот успех на нашите ученици на регионалниот натпревар по хемија, кој се одржа во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Нашите талентирани млади хемичари покажаа одлично знаење и се вратија со многу освоени признанија!
Антониа Марковска од осмо одделение освои втора награда и со тоа си обезбеди пласман на државниот натпревар. Анастасија Распашковска и Андреа Арнаутовска од деветто одделение постигнаа одличен резултат освојувајќи трета награда.
Со пофалници за покажаното знаење се закитија Јована Царовска (седмо одделение), како и Ана Корчовска и Ива Биковска (деветто одделение), додека Давид Ролевски (седмо одделение) забележа успешно учество.
Овие прекрасни резултати докажуваат дека со континуирана и посветена работа се стигнува до самиот врв. Упатуваме огромно браво до сите ученици и до нивната вредна менторка! На Антониа ѝ посакуваме многу среќа и уште поголем успех на државниот натпревар.




