
Нашите талентирани хемичари се вратија со бројни награди од регионалниот натпревар
април 27, 2026Хуманост на дело: Одржан натпревар по прва помош во Берово

Вчера, 27 април, градскиот парк во Берово беше исполнет со позитивна енергија, младешки дух и желба за учење. Се одржа натпревар по прва помош наменет за ученици од основното и средното образование, кој се претвори во вистински празник на хуманоста.
Во категоријата за основно образование, своето знаење го одмерија две екипи – тимот од нашето училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и екипата од ООУ „Никола Петров Русински“. Натпреварот помина во одлична атмосфера, со многу дружење, тимска работа и пред сè, практично прикажување на скапоцените вештини за укажување прва помош.
Упатуваме искрена благодарност до сите учесници за покажаната посветеност и знаење. Посебна благодарност оди и до докторите кои беа дел од спроведувањето и стручното оценување на натпреварот.
Навистина сме горди на овие млади луѓе кои покажуваат толкава хуманост, подготвеност и желба да помогнат кога е најпотребно!





