
Градиме свесни граѓани: Успешно реализирани антикорупциски активности и завршна работилница
јуни 4, 2026
Градиме безбедна средина: Работилници за подигнување на свеста за меѓуврсничко насилство
јуни 9, 2026Уметнички таленти за почит: Три први и едно второ место на ликовниот конкурс „Македонскиот паничар“

Креативноста на нашите ученици и наставници продолжува да биде наградувана! На 26 април се одржа прекрасниот ликовен конкурс на тема „Македонскиот паничар, гордоста на македонскиот двор“, каде претставниците од нашето училиште повторно блеснаа со својот талент и љубов кон уметноста и традицијата.
Со огромна гордост ви ги претставуваме одличните резултати кои беа освоени во силна конкуренција:
Категорија возрасни:
-
Михаил Сачкарски (наставник) – освоено ПРВО МЕСТО
Категорија ученици:
-
Ангела Дујовска (IV одделение) – освоено ПРВО МЕСТО
-
Теодора Пелтековска (VIII одделение) – освоено ПРВО МЕСТО
-
Асиа Демировска (VI одделение) – освоено ВТОРО МЕСТО
Упатуваме најискрени честитки до нашите талентирани ученички и до наставникот Михаил Сачкарски за овие прекрасни достигнувања. Преку нивните дела, тие на најубав можен начин ги претставија нашето училиште и македонската традиција. Им посакуваме уште многу шарени платна и нови награди!




