
Еко авантура: Нашите деветтоодделенци учеа како се пречистуваат отпадните води
април 9, 2026Хуманост и традиција: Велигденски добротворен базар на нашите ученици

Велигден е празник на светлината, надежта и дарувањето. Токму во тој дух, нашите ученици деновиве организираа прекрасен велигденски базар на градскиот плоштад.
Минувачите имаа можност да си купат од прекрасните велигденски јајца кои нашите ученици претходно вредно, креативно и со многу љубов ги украсуваа во училишните клупи. Најважно од сè е што оваа акција имаше хуманитарен карактер, а сите собрани средства се наменети за добротворни цели. Децата уште еднаш покажаа дека имаат огромни срца и дека хуманоста се учи од најрана возраст.
Од името на директорката м-р Наташа Аврамска и целиот колектив при ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, на сите ученици, родители, соработници и сограѓани им го честитаме најголемиот христијански празник. Нека овие празнични денови ви донесат здравје, мир и радост во вашите домови.
Христос Воскресе!





